Апликација против коронавирус – препознава здрави бели дробови

305

Млади информатичари од хрватскиот град Пула развиваат апликација што во иднина би можела да им помогне на медицинските лица да препознаваат заболување поради коронавирус преку рендгентска слика на белите дробови, пишува Јутарњи лист.

“Развивме модел на машинско учење што би можело да им помогне на лекарите при дијагноза на пациенти со Ковид – 19. Моделот е трениран да може на рендгетска снимка на белите дробови да препознае дали се работи за здрав наод, воспаление или Ковид – 19“, вели Кристијан Шариќ, кој пред три години ја основаше компанија Exactbyte.

На оваа апликација тој почнал да работи пред да се појави епидемијата во Хрватска и тоа така што земал повеќе рендгентски снимки на бели дробови кај заболени од кронавирус, луѓе кои се потполно здрави и оние кои имале воспаление.

“Земав снимки што ги најдов на интернет. Се работи за 70-тина снимки на заболени од кронавирус. Исто така, искористив и 500 снимки на здрави бели дробови и околу 4.500 со воспаление. Апликацијата ги користи тие снимки за тестирање и проверка на состој бата на основа на препознавање на снимки“, додава Шариќ.

За да може апликацијата да профункционира во целост, потребни се повеќе снимки, па затоа бара соработка со здравствените институции. Целта е снимките да бидат имплементирани во веб апликација во којашто би имале пристап докторите и болниците.

Фото: Pixabay