Фото: Pixabay
Двајца истражувачи од Палестинскиот универзитет Al-Quds развија апликација којашто на жените им овозможува да откријат рак на дојка преку фотографирање од мобилниот телефон, пренесува палестинската новинска агенција Wafa.
За разлика од мамограмот, којшто може да се направи само еднаш на две години, оваа апликација им помага на жените да прават проверка кога ќе посакаат без штетни последици.
“Ние ја тестиравме оваа апликација на глувци и резултатите беа одлични. Тоа нè охрабри да ја тестираме на жени, а апликацијата ќе биде достапна по добиените резултати од овие тестови“, вели истражувачот Заидоун Салах.
По фотографирањето со телефон, апликацијата веднаш ќе го анализира телото на жената и ќе открие рани симптоми. Потоа ќе може да се консултира со специјалист кој ќе направи дополнителни анализи кои ќе откријат дали туморите се бенигни.