Апликација што “лошото“ селфи го претвора во убав портрет

42

selfi

Фото: YouTube

Американската софтверска компанија Adobe креира апликација за паметни телефони којашто со помош на вештачка интелигенција ги подобрува автопортретите, познати како селфи, пишува Independent.

Компанијата објави видео на коешто се прикажува на кој начин се користи новата апликација со многу напредни алати за уредување. Покрај бројните ефекти и филтри, апликацијата има и Liquify опција којашто ја менува сликата како да е фотографирана од друг и подобар агол. Исто така, една од функциите е и промена на светлината преку рефракција (промена на насоката на зрак светлина под определен агол кога накосо влегува од една средина во друга) со која се менува обликот и изгледот на лицето.

“За добар портрет потребна е добра перспектива, опрема и стручно уредување. Но, кога ќе ја искористите моќта на вештачката интелигенција секогаш можете да направите добро селфи од вашиот телефон“, велат од тимот на Adobe Creative Cloud.

Со комбинирање на вистинските ефекти од новата Adobe апликација, сите корисници на паметни телефони ќе можат своето селфи кое не им се допаѓа да го претворат во убав портрет.