Апликација за следење на цените на горивата на сите продажни места во Хрватска

21

MIN_go

Апликација за следење на цените на горивата на сите продажни места во Хрватска од вчера е достапна за сите мобилни уреди, односно оперативни системи. Апликацијата може да се преземе од интернет страната на Министерството за економија.

Цените на горивата освен преку оваа апликација, од претходно можат да се проверат и директно на страната на министерството.

Освен информации за цената, порталот и апликацијата преку геолокација или пребарување даваат и точни информации за оддалеченоста на корисникот од бензинската пумпа, како и други корисни информации за возачите, како работно време или дали постои пристап за лица со хендикеп.

Енергетските субјекти во Хрватска кои се занимаваат со трговија на мало со нафтени деривати, од 15 февруари се должни секоја промена на малопродажната цена на нафтените деривати и биогориво да ја достават до министерството за економија.