Апликацијата AR Measure го претвора мобилниот телефон во метро

885

sl

AR Measure е апликација што го претвора мобилниот телефон во прецизно метро за мерење должина во реален простор. Апликацијата користи проширена реалност (Augmented Reality) за да го измери растојанието меѓу точките во простор. Штом апликацијата ќе ги детектира хоризонталните и вертикалните рамнини во просторот, може да ја измери должината на секој објект во тие рамнини. За да се измери некоја должина, треба само да се намести камерата (да се центрира), да се стисне на копчето и да се движи мобилниот телефон.

AR Measure е креација на Laan Labs, компанија со канцеларии во Њујорк и Берлин. Поради тоа што ова е технологија на Apple, апликацијата работи само на iPhone и iPad, и тоа на модели што имаат А9 или А10 процесор. Во тек е бета тестирање, а во јавност оваа апликација ќе излезе на есен.