Управата за јавни приходи ги известува граѓаните дека веб апликацијата МојДДВ е достапна на следниот линк https://mojddv.ujp.gov.mk. Веб апликацијата МојДДВ на граѓаните ќе им овозможи целосен увид во сметките што ги скенирале, односно во прометот остварен преку скенираните фискални сметки како и увид во износот на поврат од 15% од пресметаниот ДДВ .
Преку веб апликацијата граѓаните ќе може да ги повлечат/поништат фискалните сметки кои ги скенирале по грешка.
Управата апелира до граѓаните кои досега на своите паметни телефони не ја презеле апликацијата МојДДВ преку Google play store и Apple store, да го направат тоа и да ги скенираат фискалните сметки со цел да остварат право на поврат од 15 % од ДДВ, како и да ги користат услугите коишто ги нуди веб апликацијата МојДДВ. Веб апликацијата е достапна на граѓаните на македонски, албански и англиски јазик.
Упатството можете да го видите тука.