Apple автомобилот може да го произведува Kia

41

Јужнокорејската компанија во рамки на групацијата Hyundai, наводно е задолжена за соработка со странски производители за развој на автономни електрични возила. Првата асоцијација на сите со тоа е Apple.

Од Kia, јужнокорејскиот производител на автомобили со добра репутација и позиција на пазарот, неделава се дозна дека тие се подружница на Hyundai Motor којашто ќе биде задолжена за развој на автономни електрични автомобили во иднина. Исто така официјално е познато како Кia ќе соработува со “неколку странски компании“ во развојот на ваквите напредни автомобили во иднина.

Во изјавите на овие компании ниту еднаш не се споменува американската компанија Apple, но кога оваа информација ќе се стави во контекст на претходните – на сите им се наметнува само еден заклучок: групацијата Hyundai ја задолжи Kia да соработува со Apple за развој на нивниот иден автономен електричен автомобил.

Фото: Facebook