Apple доби Emmy награда за најдобра реклама

4

reklama

Рекламата Погрешно сфатен (Misunderstood) е прогласена за најдобра комерцијална реклама и ја доби Emmy наградата за оваа година. Во оваа Божиќна реклама, тинејџер постојано гледа во својот iPhone и навидум воопшто не е заинтересиран за фамилијарна дружба, но на крајот сите ќе ги остави со насолзени очи. Видеото на агенцијата TBWA\Media Arts Lab победи во конкуренција на реклами на General Electric, Nike и две реклами на Budweiser.

Минатата година наградата Emmy ја доби реклама на Canon.