Apple е највреден бренд во светот

52

appleApple по цели 13 години ја симна Coca Cola од првата позиција на листата највредни брендови, покажува најновото истражување на Интербренд.

Всушност, пред Coca Cola годинава се најде и Google, кој ја зазема втората позиција.

Според проценките на Интербренд, вредноста на Apple е 98,31 милијарди долари, што е раст за 28% во однос на минатата година, а Google вреди 93,29 милијарди долари. Вредноста на Coca Cola е проценета на 79,2 милијарди долари.

Од европските брендови на листата се најдоа Mercedes – Benz, Louis Vuitton, Zara, H&M, Ikea…

BlackBerry веќе не е на листата 100 највредни брендови, како и Yahoo, додека Nokia од 13 падна на 57 место. За разлика од нив, Facebook од 69 се искачи на 52 место.

Еве ги првите 10 највредни брендови за 2013 година:

1. Apple – 98,3 милијарди долари

2. Google – 93,2 милијарди долари

3. Coca Cola – 79,2 милијарди долари

4. IBM – 78,8 милијарди долари

5. Microsoft – 59,9 милјарди долари

6. General Electric – 46,9 милијарди долари

7. McDonald’s – 42 милијарди долари

8. Samsung – 39,6 милијарди долари

9. Intel – 37,3 милијарди долари

10. Toyota – 35,3 милијарди долари

Целата листа погледнете ја овде.