Apple е првата компанија во светот која достигна пазарна вредност од 3,5 трилиони долари

14

Apple е првата компанија која достигна пазарна вредност од 3,5 трилиони долари.

Вредноста на акцијата на амерканскиот технолошки гигант, порасна на 229 долари, а тоа ја зголеми пазарната капитализација на оваа компанија. Ова е највисоката вредност што ја достигнала која било компанија во историјата.

За зголемувањето на вредноста на акциите, американскиот гигант може да се заблагодари на инвестицијата во развојот на вештачката интелигенција под името Apple Intelligence, за која ја информираше јавноста во јуни годинава. Неговата вредност се зголемува откако објави дека тесно соработува со OpenAI, така што во иднина неговите производи ќе содржат ChatGPT.