Apple Франција казнет затоа што ги задржува вработените до доцна

22

apple shopВрховниот суд во Париз им забрани на француските продавници на американската компанија Apple да работат ноќе, по 21 часот.

Француските закони за работни односи диктираат дека работниците можат да работат од 21 часот до 6 часот наутро само ако се одговорни за одржување на економска активност или ако обезбедуваат социјални услуги, јавува АФП. Останувањето доцна во продавниците на Apple за да се среди по затворањето, некогаш и по 23 часот, што се случувало во седум од 15 продавници во Франција, не влегува во условите на законот, па синдикатот на работниците поднесе тужба против компанијата. Според АФП, францускиот суд досудил на синдикатот да му се плати 10.000 евра оштета, а Apple е предупреден дека секое дополнително прекршување на одлуката ќе го чини по 50.000 евра.