Apple ги претстави новите iPhone 6S, 6S Plus, iPad Pro и Apple TV

34

iphone 6 s

Технолошкиот гигант Apple во Сан Франциско ги претстави новите производи iPhone 6S и 6S Plus, како и iPad Pro и Apple TV, пишува Reuters.

Новите iPhone 6S и 6S Plus го задржаа изгледот како нивните претходници. Она по што се разликуваат е чипот А9, за којшто Apple тврди дека има за 90% подобри графички перформанси од претходниците.

iphone conference

Една од најголемите новини е воведувањето на 3D Touch технологијата којашто овозможува детекција на силината на притисокот на екранот. Оваа функција овозможува некои дополнителни гестови и контрола во рамки на апликацијата и наводно е целосно интегриран во iOS 9.

Новите камери на овие паметни телефони имаат резолуција од 12 мегапиксели и 50% повеќе од претходните модели. Предната камера, исто така, е обновена бидејќи има 5 мегапиксели и поквалитетен сензор.

iPhone 6 со 16 GB ќе чини 199 долари, од 64 GB ќе се продава по цена од 299 долари, додека од 128 GB цената ќе биде 399 долари. iPhone 6 Plus во сите три варијанти ќе биде по 100 долари поскап.

ipad pro

iPad Pro е најголемиот таблет којшто досега го произвел Apple. Има екран од 12,9 инчи. Заснован е на чипот А9X. Батеријата би требало да трае околу 10 часа активно користење.

apple pencil

На настанот беше претставен и Pencil, којшто доколку се користи iPad Pro автоматски двојно ја зголемува брзината на скенирање на движењата по екранот, за да може попрецизно да се црта, но и да се создаваат најразлични контури.

apple tv

Apple TV се состои од set top box и далечински управувач со стаклен touch pad, сензори на движење и можности за препознавање на глас. Гласовното пребарување се врши преку различни сервиси како што се iTunes, Netflix, Hulu, HBO, Showtime. Siri во рамки на Apple TV помага и во премотување на видеа, враќање на претходни сцени, дава препораки за лични преференции, врши напредни филтрирања на резултатите од пребарувањето.