Apple го купи стартапот Faceshift

21

FaceShift-Apple-acquisitionApple ја купи компанијата што стои зад технологијата на движења кои што беа користени во последниот Star Wars филм, седмата епизода Star Wars: The Force Awakens пишува BBC.

Нејзиното име е Faceshift, а станува збор за старт-ап со седиште во Цирих, Швајцарија. Нејзината специјалност е софтвер што овозможува 3Д анимирани ликови да имитираат изрази на лицето кај актерите.

Иако Apple го купи овој старт-ап, сепак колку сето тоа го чинело технолошкиот гигант не е познато. Исто така не се знае што Apple планира за оваа компанија откако ја направи зделката.

“Apple одвреме навреме купува мали технолошки компании и генерално не зборуваме зошто тоа сме го направиле и кои се нашите планови”, велат од компанијата.

Технологијата на Faceshift веќе беше искористена во филмската индустрија и индустриите за видео игри.