Apple го одложи објавувањето на iPhone 12 за четвртиот квартал

54

Apple ќе го одложи објавувањето на iPhone 12 серијата на телефони, првично планирана за презентација во септември, за неколку недели.

Според шефот на Broadcom, којшто е еден од најголемите добавувачи на Apple, објавувањето на новите модели на iPhone 12 е одложено за четвртиот квартал на 2020 година.

Директорот на Broadcom, Хок Тан, за време на претставување на финансискиот извештај на својата компанија говореше за циклусот на одложување на производството на производот на најголемиот северноамерикански производител на паметни телефони. Овој производител е всушност Apple, а споменатите производи се модели од iPhone 12 серијата.

Шефот на Broadcom посочува дека споменатото одложување нема да доведе до голем скок на заработката на компанијата во третиот квартал. Наместо тоа, се очекува компанијата тоа да го премости во четвртиот квартал од оваа година.

Фото: Pixabay