Apple и Google развиваат систем за лоцирање на заразените со Ковид-19

30

Apple и Google заедно развиваат технологија која треба да ја предупредува личноста дека неодамна стапила во контакт со некое лице за кое подоцна било утврдено дека е позитивно за вирусот корона, пренесува BBC.

Нивниот метод ќе работи за користење на сигналот Bluetooth на паметните телефони за да покаже со кој сопственикот неодамна бил во контакт, доволно долго и доволно близу за да се зарази.

Ако за некои од луѓето со кои бил контакт подоцна се открие дека е позитивен за вирусот корона, ќе се испрати предупредување до сопственикот на телефонот.

Од компаниите велат дека нема да се евидентираат GPS локации или лични информации. “Приватноста, транспарентноста и согласноста се од најголема важност во овој проект и ние очекуваме да ја изградиме во консултација со засегнатите страни“, велат од Apple и Google во заедничката изјава.

Фото:Pixabay