Apple инвестира 390 милиони долари во ласерска технологија

35

picture-2606675_960_720

Фото: Pixabay

Apple инвестираше 390 милиони долари во производителот на оптички комуникациски компоненти Finisar, чијашто технологија овозможи идентификација на лик кај моделите на iPhone, пишува The Verge.

Finisar, чијашто примарна дејност е производство на специјализирани ласери (VCSEL), ќе ги добие овие средства како дел од новата програма на Apple за креирање на повеќе работни места. Планот на Finisar е да отвори производен погон во Тексас каде што ќе и произведува овие ласери што Apple ги бара за своите производи.

Apple моментално користи ласери за овозможување на функците Face ID, Animoji, портрет селфи фотографии и за потребите на AirPods. Последната инвестиција на компанијата покажува дека Apple има сериозни намери да продолжи да ја интегрира ласерската технологија во моделите на iPhone.