Apple ја надмина вредноста на 100-те највредни британски компании

78

Вредноста на американската технолошка компанија Apple продолжи да расте и ја надмина вредноста на сите компании кои се наоѓаат на списокот на 100 највредни компании што котираат на берзата во Велика Британија, FTSE100, пренесува BBC.

Вредноста на акциите на Apple се зголеми за 4% на берзата во вторникот, со што компанијата вреди 2,3 билиони долари или 1,7 билиони фунти, додека вредноста на сите компании на списокот FTSE 100 е 1,5 билиони фунти.

Инвеститорите проценуваат дека причината за ваквиот раст на акциите и побарувачката за нив е последица на пандемијата, бидејќи многу луѓе се потпираат на технологијата, работат и купуваат од дома, а Apple е еден од најголемите добитници од таквата состојба.

Фото: Pixabay