Деновиве технолошките медиуми шпекулираат дека Apple, компанија вредна речиси 3 трилиони долари би можела во блиска иднина да ја преземе компанијата Walt Disney, еден од најголемите медиумски концерни во светот.
Дизни, според некои финансиски аналитичари, е „подготвен за преземање во наредните години“, а покрај забавните паркови, стриминг сервисот Дизни+, филмските студија и ТВ компаниите, ги поседуваат и многу вредните франшизи на Марвел, Пиксар и Војна на ѕвездите.
Неодамнешните изјави на нивниот извршен директор, Боб Игер, за тоа како компанијата ќе мора да го промени својот стратешки фокус, некои ги протолкуваа како подготовка за пронаоѓање нов сопственик, пренесува Bug.
Од друга страна, Apple се издвојува како единствениот доволно голем и силен клиент, кој полека го насочува својот бизнис кон содржината, а не исклучиво кон дизајнот и продажбата на компјутери и мобилни телефони.
Дизни моментално според вредноста на акциите на берзата е конгломерат вреден околу 160 милијарди долари.