Apple ќе гради втор кампус што ќе вработува 20.000 луѓе

39

apple-1839363_960_720

Фото: Pixabay

Технолошкиот гигант Apple во следните пет години ќе изгради уште еден огромен кампус во САД, каде што планирано е да работат 20.000 работници, пишува Curbed.

Точната локација се очекува да биде објавена кон крајот на годината, а проектот ќе чини 350 милијарди долари.

Apple неодамна го отвори својот нов кампус во Купертино, Калифорнија, проект што чинеше пет милиони долари. Зад дизајн стои Foster + Partners, а во кампусот работат 14.000 работници.