Apple купува нови компании на секои две до три недели

30

Apple во просек купува нова компанија на секои две до три недели, а во последните шест месеци компанијата купила од 20-25 помали фирми, пишува CNBC.

Како што вели извршниот директор Тим Кук, технолошкиот гигант не ги објавува овие аквизиции од причина што компаниите се мали, а Apple примарно се фокусира на таленти и интелектуална сопственост.

Во фискалниот извештај компанијата објави дека поседува 225,4 милијарди долари во готово, што ја прави една од најбогатите компании во светот.

Иако Apple купува неколку компании годишно, позната е по тоа што ректко прави големи аквизиции.

Последна таква во низата беше пред пет години, во 2014, кога ја купи фирмата Beats за три милијарди долари.

Фото: Pixabay