Apple планира сериско производство на електрични автомобили од 2019 година

43

apple 1

Технолошкиот гигант Apple планира да произведува електрични автомобили и нивно сериско производство и продажба од 2019 година, пишува Wall Street Journal.

Овој проект доби зелено светло по скоро една година истражувања. Во рамки на проектот, под работен наслов Titan, ќе бидат ангажирани 1.800 лица. Тоа е три пати повеќе од тимот што во овој момент е ангажиран за производство на електричните автомобили на Apple.

Технолошкиот гигант ангажираше и експерти за самовозечки автомобили, но компанијата во овој момент не планира да го дизајнира првиот целосно автономен електричен автомобил.