Apple повторно отвора околу 100 продавници во САД

28

Компанијата Apple најави повторно отворање на околу 100 свои продавници во САД.

По прогласување на пандемијата со коронавирусот, раководството на Apple нареди затворање на своите продажни објекти ширум светот, а сега компанијата планира повторно да отвори речиси 100 продавници во САД.

Според објавата на Reuters, согласно развојот на епидемиолошката ситуација низ САД, Apple постепено ќе ги отвора своите продавници таму, почнувајќи од Алјаска, Ајдахо и Алабама.

Според новите протоколи за безбедност и заштита на здравјето, пред влегување во продавница на Apple и на вработените и на муштериите ќе им се мери температура, а задолжително ќе биде одржување на физичка дистанца и носење заштитни маски кои ќе ги обезбеди компанијата во случај муштеријата да нема.

Фото: Pixabay