
Вчера, на својата годишна Светска конференција за развивачи (WWDC), Apple претстави нов интерфејс за оперативен систем наречен Liquid Glass и посочи дека тоа е најсеопфатната промена во дизајнот досега.
Американската компанија, исто така, ги потврди плановите за отворање на својата вештачка интелигенција за надворешни развивачи на апликации, објави Bloomberg.
Извршниот директор Алан Дај истакна за време на видео презентација од седиштето на Apple во Купертино, Калифорнија, дека за прв пат истиот интерфејс ќе работи на сите производи на компанијата.