Apple претстави уред што го следи спиењето

24

Фото: Apple

Beddit 3.5 Sleep Monitor е уред којшто го следи спиењето на корисникот и детектира доколку нешто не е во ред. Ова е прв заеднички проект на технолошкиот гигант и Beddit, компанијата што Apple ја купи минатата година, пишува CNET.

Производот е лента, чијашто дебелина изнесува само два милиметри и се поставува под чаршафот каде што спие корисникот. Го мери времето поминато во спиење, срцевите отчукувања, дишењето, рчењето, како и влажноста и температурата во собата.

Уредот функционира заедно со Beddit апликација, којашто е компатибилна со Apple часовник или iPhone со iOS 12 или понов оперативен систем.

Apple веќе има претставено системи се следење на здравјето на корисниците, како што е вграденото ЕКГ во четвртата серија на Apple часовниците и апликацијата Health којашто е компатибилна за iOS системите.

Beddit 3.5 Sleep Monitor може да се купи на веб страната на Apple за 150 долари.