
Американската технолошка компанија Apple денес ќе претстави нови производи, меѓу кои најверојатно ќе бидат нови модели на iPhone 17, вклучувајќи го и најтенкиот iPhone досега, како и подобрувања на своите часовници и безжични слушалки.
Настанот започнува во 19:00 часот по средноевропско време, а љубителите на технологијата можат да го гледаат во живо на веб-страницата и YouTube каналот на Apple.
Се очекува новиот iPhone 17 да има редизајниран дизајн во споредба со претходната генерација, како и екран од 6,3 инчи со брзина на освежување од 120 херци (Hz), што е подобрување во однос на претходните 60 Hz.
Фото: Printscreen Youtube












