Apple – прва светска компанија што плаќа ДДВ во БиХ

56

Една од најголемите светски технолошки компании, Apple стана прва странска компанија што платила данок на додадена вредност во Босна и Херцеговина за услуги што граѓаните на БиХ ги купиле на интернет.

Apple е регистрирана како ДДВ обврзник на петти февруари оваа година, а на 10-ти овој месец првпат ја поднела својата ДДВ пријава со посредство на компанија од БиХ, пренесуваат тамошните медиуми.

“На сите граѓани кои во февруари оваа година купувале одредени онлајн услуги од Apple им се издадени сметки со пресметан ДДВ, којшто е пријавен во ДДВ пријавата на компанијата“, изјави Ратко Ковачевиќ, портпарол на Управата за индиректно оданочување на БиХ.

Тој додал дека сите останати светски компании коишто на граѓаните на БиХ им даваат услуги од странство, би требало да истиот начин да ги пријават и платат даночните обврски.

“Веруваме дека примерот на Apple може да биде препорака и за останатите глобални играчи на ист начин да ги исполнат своите обврски за плаќање данок. Бидејќи нашата земја има една од најниските стапки на ДДВ во светот, подобро им е обврската за плаќање данок да за услуги извршени во БиХ да платат кај нас одошто во земјите каде што им е седиштето, а коишто имаат значително повисоки стапки на ДДВ“, рекол тој.

Стапката на ДДВ во БиХ е 17%, додека во земјите во коишто се стационирани странските фирми стапките се повисоки од 20%.

Фото: Pexels