Apple растура – во светот се користат 1,65 милијарди iPhone телефони

247

Apple не престанува да бележи добри резултати кога станува збор за продажбата, а бројките се зголемија откако iPhone 12 се пушти во продажба.

Шефот на компанијатаТим Кук, за Ројтерс изјави дека растот на продажбата во Кина е клучен во претходниот период, потенцирајќи дека продажбата на уредите iPhone 12 таму достигнала нови рекорди.

Главниот финансиски директор на Apple, Лукас Маестри, рече дека во моментов се користат дури 1,65 милијарди модели на iPhone што е многу импресивна бројка. Генерално, овој квартал беше многу успешен за Apple, бидејќи заработија повеќе од 111 милијарди долари.

Фото: Twitter