Apple со 13 нови емотикони за подобра инклузија на лицата со инвалидитет

65

ddd

Фото: Emojipedia

Apple има нова идеја за 13 нови емотикони со коишто подобро би се претставиле лицата со инвалидитет.

Компанијата веќе ги поднесе до надлежните од Unicode Consortium и ако бидат одобрени ќе станат дел од применливиот систем на емотикони од почетокот на идната година.

Предложените емотикони прикажуваат корисници на инвалидска количка, лица со оштетен вид, лица со вештачки екстремитети, како и лица со апарат за уво.

При изработката на емотиконите, од Apple се консултирале со американското друштво за слепи, со Здружението за целебрална парализа и Националното здружение на глуви. Компанијата се надева дека новите емотикони ќе овозможат поголема инклузија на лицата со инвалидитет, како и чувство на нивна рамноправност во општеството.

Последен пат, Apple изврши ажурирање во јули минатата година.