Профитот во индустријата за мобилни телефони падна за 11% оваа година, при што производителите на мобилни телефони заработија само 12 милијарди долари во последните три месеци. Третиот квартал од 2019 година не беше толку успешен како во 2018 година.
Причината за падот на профитот е поголемиот број продадени телефони по пониска цена во однос на минатата година и flagship уредите.
На кратко, корисниците последните три месеци купувале поевтини уреди, додека сопствениците на flagship уредите решија да ги чуваат некое време, бидејќи во последните неколку месеци немаше посебен напредок во перформансите на уредите.
Сепак, Apple повторно доби поголем дел од колачот – дури 66% од 12 милијарди долари или околу осум милијарди долари, објави Counterpoint.
Samsung со 17% се најде на второ место по профитот, со заработка од околу две милијарди долари. Третото место му припаѓа на Huawei, којшто има 10% од колачот, т.е. околу милијарда долари. Другите производители ги поделија преостанатите една милијарди американски долари. Counterpoint очекува Apple да ја зголеми предноста во однос на конкуренцијата во својот извештај за четвртиот квартал оваа година, благодарение на зголемената продажба на iPhone за време на оваа празнична сезона.
Фото: Pexels