Што е Flagship?

97

Станува збор за поим што датира од многу одамна, но технологијата е заслужна што повторно заживува. Буквалниот превод на Flagship е брод знаменосец или најсилен, најбрз и најсовремен брод во флотата што го носи знамето и секогаш е напред.

Имајќи ја предвид супериорноста на значењето, технолошките компании го користат терминот flagship за да опишат најдобриот мобилен телефон што можат да го понудат на потрошувачите.

Еден мобилен телефон да ја носи титулата flagship не мора да оној што е најдобар, со најголема меморија или други перформанси. Тоа може да биде телефон што има послаби карактеристики од некој друг, но компанијата можеби го избира бидејќи има најголема продажба. Она што е важно за flagship е да биде подобрена верзија од претходното издание. Но, може да се случи ниту продажбата ниту подобрените перформанси да го издигнат одредениот модел на пиедестал. Сепак, компанијата може да одлучи “знаменосец“ да биде уред со којшто ќе сака да ја предизвика конкуренцијата на пазарот со цел да се направи нешто подобро.

Flagship може да биде и телефон во којшто компанијата инвестирала голем дел од своите ресурси и потенцијал, па е посебно горда на тој модел.

Иако многу работи зависат од движењата на пазарот на технологија (што има галопирачки раст), одлуките на менаџментот на компанијата, маркетинг стратегијата… Сепак, flagship е телефон што има: најдобри карактеристики, посебен е во однос на тоа што нуди конкуренција, нуди најголема вредност за износот што се плаќа, има нешто по што треба да го привлече вниманието на потрошувачите…

Фото: Pixabay