Hyperloop: Патување со капсула од Братислава до Будимпешта за само 10 минути

277

hyperloop

Патувањето во затворена капсула што се движи со околу 1.200 километри на час, звучи клаустрофобично, но компанијата Hyperloop transportation technologies тврди дека тоа е возможно и пријатно, пишува Cnet.com.

Минатата недела Hyperloop transportation technologies го објави и планот за градење на траса во Европа, којашто ќе има задача да ги поврзе Словачка, Австрија и Унгарија. Првата секција од трасата би требало да биде финализирана до 2020 година.

hyperloop 1

Патувањето од Братислава до Виена со оваа капсула ќе трае осум минути, а од Братислава до Будимпешта ќе се патува за околу 10 минути. Од Братислава до Кошице, коишто се на оддалеченост од 400 километри, ќе се патува за само 25 минути.

Hyperloop transportation technologies претставува иновативен систем за транспорт што ќе има за цел да ги елиминира сите пречки при патувањето, забелешките за високите трошоци и време за патување, како и безбедноста при патување на различни временски услови.

Компанијата Hyperloop ја основаше канадскиот милијардер Илон Маск.