(Фото) Овој град е најдобрата европска дестинација со бесплатни атракции

668

Помалку познат италијански град е прогласен за најдобра туристичка дестинација во Европа со бесплатни атракции.

Цените на одморите, особено на авионските билети и хотели, се зголемени насекаде низ светот, а кога ќе додадете билети на туристичките атракции, за едно патување ќе ви требаат многу пари.

Сепак, новото истражување на Џон Луис Фајнанс ги најде топ 10 европски градови со најмногу бесплатни атракции.

Тие разгледаа илјадници врвни и бесплатни атракции на TripAdvisor низ Европа, а студијата покажа дека Асизи, Италија е најдобар град во Европа за бесплатни туристички атракции.

Асизи се наоѓа во централна Италија и е шести по големина град во областа Перуџа.

Познат е како родно место на Свети Франциско Асишки, еден од најголемите светци на Римокатоличката црква, а црквата посветена на него во овој град е на листата на светско наследство на УНЕСКО.

Некои од бесплатните нешта што треба да се видат во овој град се секако бројните цркви и катедрали како што е споменатата црква Свети Фрањо Асишки, градската катедрала посветена на Св. Руфина и други.

Ако тоа не ви се допаѓа, можете да посетите и музеј или уметничка галерија бесплатно.

Во Асизи во Италија има најголем број на оценети бесплатни атракции по глава на жител, со 21 опција за истражување во област со популацијата од нешто помалку од 28.000 луѓе.

Веднаш зад овој град на листата се нашле, Дубровник, Ханија во Грција, Фиренца, Венеција, Родос, Брисел и Порто.

Фото: Facebook