Apple сопственик на бизнисот со модеми на Intel

37

Intel ја комплетираше продажбата на бизнисот со модеми за смартфони на технолошкиот гигант Apple.

Вредноста на зделката, што за прв пат беше најавена во јули годинава, е една милијарда долари.

Со тоа што Apple станува сопственик на технологијата со модеми на Intel, заштедува добра сума на пари и не мора да купува од продавачи како што е Qualcomm.

Продажбата го вклучува само бизнисот на Intel со модеми за смартфони. Производителот на чипови ќе продолжи со креирање на модеми за персонални сметачи, IoT уреди и автономни возила.

Фото: Pixabay