Apple одвојува милијарди долари за да го купи бизнисот со модемски чипови на Intel

19

Apple е во финални преговори да го купи бизнисот со чипови за модеми на Intel, заедно со добар дел од вработените и патентите, по цена од една милијарда или повеќе, пишува Wall Street Journal.

Официјалното соопштение за зделката треба да стигне следната недела.

Intel моментално го снабдува Apple со LTE модемски чипови за новата генерација на iPhone. Но, откако Apple и Qualcomm ја решија правната битка во април за лиценцирање на патенти, двете компании најавија дека Apple повторно ќе започне да купува модеми од Qualcomm.

Неколку часа потоа Intel изјави дека повеќе нема да развива 5G модемски чипови.

Најголемата зделка на Apple досега е купувањето на Beats Electronics и Beats Music за 2,6 милијарди долари во 2014 година. Минатата година компанијата купи персонал и патенти од британскиот производител на чипови Dialog Semiconductor за 600 милиони долари.

Фото: Pixabay