Apple спрема сосема поинаков iPhone

121

Компанијата Apple е позната по тоа што не изнесува информации за новите производи пред да ги пласира на пазарот, но овој пат направија отстапка.

Два прототипa на iPhone смартфони на преклоп успешно ги поминаа интерните тестирања во фабриката Foxcon во Кина, пишува тајванскиот весник The Economic Daily Times.

Според информациите кои досега излегоа во јавноста, новиот модел на Apple би требало да наликува на Samsung Galaxy Fold – ќе има помал преден екран, камери сместени на задната страна на уредот и голем флексибилен екран кој се добива откако ќе се отвори уредот.

Фото: Twitter