Apple стана прва американска компанија која има два трилиони долари пазарна вредност

39

Технолошката компанија Apple стана прва американска компанија која котира на берзата со вредност од два трилиони долари.

Акциите на Apple пораснаа на 467,77 долари, и од почетокот на годината до денес пораснаа за околу 60 %, а минатата година забележаа раст од 120 %.

Американската технолошка компанија за повеќе од две години двојно ја зголеми својата пазарна вредност.

Производителот на Ајфон претходно, во март 2018 година стана првата компанија која достигна пазарна вредност од еден трилион долари. По неа следуваат други технолошки компании како Amazon, Microsoft, Google кои имаат над еден трилион долари пазарна вредност.

Успехот на Apple доаѓа во период на генерално зголемени цени на технологијата поради тоа што многу вработени во Соединетите Американски Држави се префрлија на работа од дома поради пандемијата со коронавирусот и протоколите за социјална дистанца.

Фото:  Facebook