AppStore за празниците инкасираше 1,42 милијарди долари

29

Во текот на празниците, односно меѓу Божик и Нова Година, на апликации и игри за iOS оперативен систем на AppStore се потрошени 1,42 милијарди долари. Ова, според Apple, е за 16% повеќе во однос на истиот период лани.

Само во првиот ден од 2020 година, корисниците на уредите на Apple потрошиле 386 милиони долари, преземајќи различни содржини од интернет продавницата AppStore.

Овој износ е за 20% повисок во споредба со први јануари 2019 година. Во износот се вклучени сите приходи од претплата на Apple Music, Apple TV+, Apple Arcade, Apple news и iCloud.

Фото: Twitter