Април неработен месец во Русија

53

Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека платените слободни денови во Русија ќе бидат продолжени до 30 април.

“Донесов одлука да ги продолжам неработните денови и нагласувам: со редовна плата за работниците. Сè уште не го достигнавме врвот на епидемијата во светот и кај нас. Затоа решив да ги продолжам неработните денови до крајот на месецот, односно до 30 април “, рече претседателот на Русија во обраќање до нацијата.

Тој истакна дека лекарите се на првата одбранбена линија во борбата против коронавирусот и дека Москва и понатаму е во сериозна ситуација.

“Имаме голема, многу голема земја, со различна густина на населението“, истакна рускиот претседател, додавајќи дека има региони каде што коронавирусот е веќе сериозна закана за луѓето, како што е во Москва каде и покрај сите напори, властите не можат да ја подобрат ситуацијата.

Неопходните индустрии ќе продолжат со работа, како и продавниците за храна и аптеките.

Фото:Pixabay