Априлската инфлација во Албанија 2,1 отсто и понатаму најниска во регионот

Албанскиот  Институтот за статистика, ИНСТАТ, објави дека инфлацијата во месец април изнесува 2,1 отсто, што е за 0,2 отсто пониска  споредено со месец март, додека во однос на април минатата година е пониска за 2,5 отсто.

– Ова е најниското ниво на инфлација од октомври 2021 година, кога цените почнаа да растат како резултат на проблеми со снабдувањето создадени од пандемијата, а потоа и од нарушувања на пазарот како последица на нападите на Русија врз Украина. Максимална вредност инфлацијата достигна во текот на 2022 година  кога изнесуваше 8 отсто на годишно ниво, јави државната агенција, АТА.

Намалувањето на инфлацијата ги надмина и предвидувањата на Централна  банката на Албанија, која најави дека има за цел да ја задржи инфлацијата на ниво од 3 отсто.

Според АТА, Албанија и понатаму  има најниска стапка на инфлација споредено со земјите во регионот.