Арапи преземаат хотели и влегуваат на Јадранот

42

Арапите преземаат хотели и влегуваат на Јадранот на големата порта, пишуваат хрватските медиуми. Се наведува дека шеиците го искористиле коронавирусот за нов инвестициски бран во Хрватска.

Така, среде кризата со короната и “во пресрет на една од најпредизвикувачките туристички години“, хотелиерот Јако Андабак, го продаде најголемиот дел од својот туристички и хотелски бизнис на арапски инвеститор.

Eagle Hills Real Estate со купопродажен договор потпишан на 23 март од Јако Андабак, Даница Андабак, Ружица Андабак, Ивана Андабак и Луцидус д. д. презеде 4,1 милиони акции или 69,7% од основната главнина на компанијата, што создаде обврска за објавување на понуда за преземање, пренесува Вечерњи лист.

Хрватските медиуми побараа одговор од Андабак на прашањето зошто им ги продал хотели на Арапите, односно “зошто ги продал хотелите токму во овој момент, зошто се одлучил за инвеститор кој нема добра репутација во хрватската јавност“.

Во интервју за Пословник дневник, Андабак откри зошто ги продал хотелите на Арапите, а не на Американците.

“KSL Capital беше еден од потенцијалните купувачи со кои преговаравме, но на крајот не успеа. Зошто? Американскиот фонд имаше свои процедури за фондови и, како што велат луѓето, се обидоа да цедат од суво дрво. Така е, кога истече ексклузивноста на правото на купување, што го продолжувавме двапати, решивме повеќе да не продолжуваме и во игра да ставаме нов потенцијален купувач, што на крајот се покажа како многу побрзо и појасно. Ми се допаднаа неколку работи што на крајот пресудија. Претставниците на Eagle Hills Real Estate веднаш отворено кажаа што сакаат, тие беа многу јасни, а најмногу ми се допаѓаше како ја поставуваат приказната во иднина, без оглед на парите. Тие го поставија проектот на начин што беше прифатлив за мене, иако сум свесен дека не можам да одредам што ќе прави некој со неговиот имот“, рече Андабак.

Фото: Pixabay