Арапите го презентираа проектот Белград на вода

23

eko-Beograd-na-vodi-

Сопственикот на компанијата Emaar properties од Обединетите Арапски Емирати, Мухамед ал Алабар, во саботата пред српски владини претставници го претстави проектот Белград на вода, во кој ќе инвестира околу три милијарди евра. Проектот ќе го води компанијата Eagle Hills, со седиште во Емиратите.

Проектот Белград на вода ќе се протега на брегот на реката Сава. Во првата зона ќе се наоѓаат ексклузивни хотели и најголемиот трговски центар во Србија, во втората ќе се градат културни и спортски објекти, а во трета ќе има комерцијални објекти. Комплексот ќе зафаќа 1,5 милиони метри квадратни, а проектот треба да биде реализиран во период од пет до седум години.

Српскиот вицепремиер Александар Вучиќ, кој присуствуваше на презентацијата, оценува дека реализацијата на овој проект, заедно со растот на автомобилската индустрија и земјоделството, ќе значи сигурно излегување на Србија од кризата, јавуваат српските медиуми.

Претходно се пишуваше дека реализацијата на проектот ќе започне со изградба на најголемиот трговски центар во регионот и кула висока 180 метри, која ќе се вика Belgrade Tower.

Идејата за изградба на Белград на вода е стара четири децении.

Belgrade_on_water-

bg 2