Арапскиот Ворен Бафет дава 30 милиони долари за борба против пандемијата

55

Alwaleed Philanthropies, добротворна организација основана од саудискиот принц Алвалеид бин Талал, издвои дополнителни 20,6 милиони долари за борба против пандемијата на коронавирус на Блискиот исток, Африка и Азија.

Донацијата, којашто ќе биде реализирана во партнерство со некои од водечките светски филантропски организации, доаѓа покрај постојното финансирање против коронавирус од 9,4 милиони долари, така што поддршката на Бин Талал е 30 милиони долари, јавуваат арапските медиуми.

“Во овие времиња на невидена криза, поважно е од кога и да било да ги здружиме нашите ресурси во борбата против Ковид-19. Покрај многуте развиени земји кои се борат со пандемијата, ние исто така мора да мислиме и на земји како Африка и помалку среќни земји на Блискиот исток “, рече тој.

Донацијата од 30 милиони долари доаѓа откако принцот ги даде на користење своите хотели, училишта и други капацитети во Саудиска Арабија за поддршка на владините мерки против пандемијата.

Средствата ќе бидат потрошени за разни иницијативи, вклучително и оние што ги водат Фондацијата Бил и Мелинда Гејтс, проектите за вакцинација на GAVI, Светската здравствена организација (СЗО) и УНЕСКО.

Многу инвестиции и луксузен живот

Бин Талал, кој е еден од најбогатите луѓе во Саудиска Арабија со проценето богатство од 18,7 милијарди долари е сопственик на Kingdom Holding Company и е познат филантроп. Во последните три децении во добротворни цели дал 3,5 милијарди долари, а неговата организација Alwaleed Philanthropies работи на јакнење на правата на жените и младите ширум арапскиот свет.

Тој е најпознат саудиски бизнисмен, а Times го нарече арапски Ворен Бафет.

Сопственик е на најпопуларни хотели во светот, лондонски Savoya и Four Seasons Hotel.

Фото:Facebook