Arcelik доби одобрение за преземање на турската подружница на Whirlpool

118

Европската комисија соопшти дека даде одобрение на турскиот производител за бела техника, Arcelik за 78,3 милиони евра да ја преземе локалната подружница на американскиот производител на апарати за домаќинство Whirlpool Corporation.

Извршното тело на ЕУ смета дека предложената аквизиција нема да предизвика загриженост за конкуренција.

Arcelik, којшто го контролира турскиот индустриски конгломерат Koc Holding, на средината на мај потпиша договор за преземање. Станува збор за подружница што произведува уреди за разладување и машини за перење со ознаката Whirlpool.

Турската единица на Whirlpool вработува околу 1.000 лица и има годишен производен капацитет од 2,7 милиони единици.

Како дел од договорот, двете компании склучија тригодишен договор за доставување со којшто се предвидува продажба на производи што ќе се произведуваат во производни погони што Arcelik ќе ги купи на Whirlpool што работат во Европа.

Фото: Facebook