Арцелор Митал ја заврши втората емисија на хартии од вредност

47

arcelormittal

Компанијата Арцелор Митал Скопје (ЦРМ) ја заврши втората емисија на хартии од вредност, стои во информацијата објавена на Македонска берза.

Поканата за запишување и уплата на хартии од вредност беше објавена во дневниот весник Утрински весник на 13.10.2014 година, а на веб страницата на берзата – Македонска берза на хартии од вредност на 13.10.2014 година, кога беше објавен и Проспектот за запишување и уплата на хартиите од вредност.

По завршување на рокот за реализација на јавната понуда, од понудените 13.630.537 обични акции, продадени се вкупно 13.630.537 обични акции во вкупен износ од 4.307.249.692,00 денари, со што јавната понуда е реализирана со процент на реализација од 100%.

Хартиите од вредност ќе бидат пријавени за упис во трговскиот регистар и во депозитарот на хартии од вредност. Правата од хартиите од вредност настануваат по уписот на хартиите од вредност на сметка на сопственикот во депозитарот за хартии од вредност.