Арцелор Миттал (ХРМ) прокнижи загуба од 53,9 милиони денари за шест месеци

40

arcelormittal-logo-svg

Арцелор Миттал (ХРМ) во текот на првите шест месеци од оваа година прикажа загуба од 53.948.000 денари, покажуваат податоците од билансот на успех објавен на Македонска берза.

Во текот на истиот период од претходната година, компанијата евидентираше загуба од 78.413.000 денари.

Вкупните приходи од продажба, заклучно со 30-ти јуни оваа година, беа на ниво од 25.230.000 денари, додека истиот период лани имаа вредност од 6.084.000 денари.

Основна дејност на Арцелор Миттал (ХРМ) е производство на топло валани котури и топло валан лим.

Арцелор Миттал (ЦРМ) во првото полугодие од 2017 година работеше со загуба што достигна 105.498.000 денари, додека истиот период претходната година загубата беше на ниво од 43.374.000 денари.

Според билансот на успех, вкупните приходи од продажба во периодот јануари – јуни оваа година изнесуваа 3.541.669.000 денари. Од тој износ на домашен пазар се реализирани 436.598.000 денари, додека поголемиот дел од 3.105.071.000 денари е остварен на пазари во странство.

Основна дејност на Арцелор Миттал (ЦРМ) е производство на топло валани лужени котури, ладно валани котури и ладно валан лим, поцинкувани котури и лимови и пластифицирани поцинкувани котури.