Арцелор Миттал (ЦРМ) во првите девет месеци од оваа година оствари загуба од 405.233.000 денари, покажува неконсолидираниот биланс на успех објавен на Македонска берза.
Истиот период лани, компанијата прикажа загуба од 621.008.000 денари.
Вкупните приходи од продажба во период од 01.01. до 30.09. беа 4.513.330.000 денари, од кои на домашен пазар се реализирани 699.179.000 денари, додека 3.814.151.000 денари се остварени на странски пазари.
Арцелор Миттал (ХРМ) во пресметковниот период работеше со загуба од 110.870.000 денари, додека една година претходно загубата беше 101.946.000 денари.