Под слоганот Steel growing strong, АрцелорМиттал Скопје организираше уште еден успешен настан за своите клиенти кои од 10 земји од Балканот и пошироко допатуваа до Скопје за да добијат увид во оперативата, стратегијата и идните планови на компанијата, стои во соопштението.
Преку обраќањата на извршниот директор, Волфганг Марингер, генералниот директор на Галати & Скопје Богдан Греку, и директорот на маркетинг Богдан Ифрим – претставени беа претстојните промени на локално и на глобално ниво, ребрендирањето како и моменталната состојба на пазарот и се разбира, приоритетот на компанијата – безбедното работење.
Дополнително, во производствениот погон се одржа и Инаугурација на екстензијата на линијата за поцинкување, а презентирани беа и проектите за модернизација на електро опремата и отворањето на новиот магацин. На настанот беа образложени придобивките кои тие ќе ги донесат како за компанијата така и за клиентите.