Арчерол митал со нова инвестиција

26

Арчелор Митал денеска ќе ја претстави најновата инвестиција на компанијата во вредност од 3,5 милиони евра во нова постројка за поцинкување. Присуство на настанот најавија околу 150 сопственици и генерални директори од 200 највлијателни компании во металуршката индустрија од Балканот.
На настан се очекува да биде присутен и владиниот врв на чело со Премиерот Никола Груевски, министерот за економија Валон Сараќини, министерот за животна средина и просторно планирање Абдулаќим Адеми и министерот без ресор Веле Самак, како и претставниците на стопанските комори.