Аргентина “крие“ огромни количини литиум

134

OLYMPUS DIGITAL CAMERA

Зголемената употреба на батериите од литиум ги поттикна мултинационалните рударски компании да ја зголемат експлоатацијата на овој метал во Аргентина, која заедно со Чиле и Боливија чинат 70% од светските резерви, пишува канадски La Presse.

Експлоатацијата на литиум не е дозволена во Боливија поради противењето на локалното население, додека Чиле повеќе не издава дозволи за нови концесии.

“Аргентина во покраините Катамарка, Салта и Хуруи располага со огромни количини на најквалитетен литиум во светот“, изјави аргентинскиот министер за рударство, Хорхе Мајорал.

Во Аргентина има околу 128 милиони тони потенцијален литиум карбонат, којшто е витален елемент за производство на батериите. Голем број американски, јапонски и јужнокорејски компании веќе инвестираат во производство на литиум во Аргентина.

Во текот на минатата година, вкупната побарувачка за литиум достигна 170.000 тони литиум карбонат.