Аргентина планира да организира туристички летови на Антарктик од 2018 година, пишува Mecro Press.
За да се воспостави комерцијален лет до Антарктикот, аргентинското министерство за одбрана ова лето ќе постави радар, којшто треба да ги обезбедува потребните услови за навигација.
Летот се очекува да трае околу час и половина, а ќе биде реализиран со турбопропелерски авиони на државната авиокомпанија LADE.
Туристите, кои ќе сакаат да бидат дел од ова патување, ќе слетуваат на базата Marambio, каде што ќе имаат попуст за сместување.